Јувентус нема да бара многу пари од Манчестер Јунајтед за Манџукиќ, играчот би требало да заработува…

Оле Гунар Солскјер најави дека Манчестер Јунајтед во јануари со сигурност ќе донесе напаѓач како замена за Ромелу Лукаку и Алексис Санчез.

Веќе е јасно и името по кое „ѓаволите“ ќе тргнат овој јануари. Станува збор за искусниот хрватски напаѓач, Марио Манџукиќ кој пропушти шанса да се пресели на Островот во летниот преоден рок.

Јувентус за него ќе бара девет милиони фунти, сума која не е голема и Манчестер Јунајтед ќе се согласи да ја плати. Порталот „Goal“ пак пренесува дека Манџукиќ ќе бара плата од околу 4.5 милиони фунти годишно, што исто така нема да претставува проблем за Јунајтед.

На Манџукиќ ќе му биде кажано дека ќе биде втора опција во нападот веднаш зад Марсијал кој се очекува да биде прва „деветка“ во клубот. Рашфорд ќе игра на крилните позиции, а Манукиќ ќе чека шанса од втор план.

InterServer Web Hosting and VPS