Скаути на Манчестер Јунајтед биле присутни на вчерашниот натпревар меѓу Бреша и Јуве, следеле фудбалер од средниот ред

Скаути на Манчестер Јунајтед биле присутни на вчерашниот натпревар помеѓу Бреша и Јувентус на кој ги следеле настапите на еден од фудбалерите на домашната екипа.

Имено, „ѓаволите“ од блиску сакале да се запознаат со квалитетите на младиот фудбалер на Бреша, Сандро Тонали за кого има сериозен интерес од неколку гиганти од Италија.

„Газета дело Спорт“ пишува дека скаутите биле присутни на „Марио Ригамонти“ и наводно биле импресионирани од храбриот настап на 19 годишниот фудбалер.

За Тонали има интерес и од Интер, Јувентус, Наполи, Рома…, а во Италија го сметаат за новиот Андреа Пирло.

InterServer Web Hosting and VPS