Претседателот на британскиот парламент: Утре почнува заседавањето на Долниот дом

Долниот дом на британскиот парламент ќе почне утре нова седница, откако врховниот суд ја прогласи одлуката на премиерот Борис Џонсон за суспензија на парламентот за незаконска, кажа денес претседателот на Долниот дом Џон Беркоу.

„Ѝналожив на службата на Долниот дом да се подготви, не за отповикување – одложувањето беше незаконско и неважечко – туку за продолжување на работата во Долниот дом“, им кажа на новинарите.

„Поточно кажано, ѝ наложив на службата на Долниот дом да ги преземе чекорите потребни за обезбедување на заседавањето на Долниот дом утре во 11:30“, додаде Беркоу.

Тој кажа дека редовниот актуелен час со премиерот утре нема да биде одржан.

Џонсон утре ќе биде во Њујорк, на Генералното собрание на ОН.

Британскиот врховен суд во објаснувањето на својата одлука, со која суспензијата на парламентот на премиерот Борис Џонсон ја прогласи за незаконска, истакна дека тој со тоа ја поткопал уставната функција на парламентот.

Парламентот, според одлуката на Џонсон, требаше да биде суспендиран од 10 септември до 14 октомври.

InterServer Web Hosting and VPS