Новиот iPhone игра на картата на камерата. Но, дали тоа е доволно?

Смартфоните се веќе досадни. Секоја година остануваат скапи, а имаат минорни надоградувања. И телефоните на iPhone не се поинакви. Најголемата новост кај iPhone 11, 11 Pro and 11 Pro Max е само камерата.

Apple воведе неколку надоградби кои треба да ни го подобрат животот, но се работи за такви надоградувања кои обичниот човек најверојатно нема воопшто да ги примети. Тоа се: нов процесор, нешто подобрен екран, подобрена истрајност на батеријата и стакло кое потешко се оштетува. Единствените кои имаат забележително подобрување се новите iPhone 11 Pro and Pro Max и тоа поради тројната камера.

Веднаш откако излегоа, на социјалните мрежи се појавија еден куп зафрканции за изгледот на камерата. Освен камерата, телефонот не нуди скоро ништо ново па така поседувањето на телефон од новата генерација нема да ви донесе никакво внимание.

Тоа е поради тоа што еден iPhone 8 премногу личи на iPhone 11 па никој нема да примети дека го поседувате токму најновиот модел. Освен ако не му се пофалите со тројната камера.

Apple навистина треба да се потруди за наредниот iPhone да не биде само продолжение на оваа веќе досадна низа на слични телефони.Извор: kajgana.com

InterServer Web Hosting and VPS