(ВИДЕО) Мицкоски: Тука сум, апсете!

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Мицкоски сторил кривично дело со тоа што јавно покажа дека поседува документи со искази од случајот „Рекет“ повикувајќи се на „свиркач“- велат од обвинителството. Но дали и во кое својство би бил повикан ќе одлучи обвинителот кој го води предметот врз база на доказите. Од обвинителството велат- записниците од исказите со кои вчера се закануваше Мицкоски, не протекле од кај нив.

– „Согласно закон повикување на „свиркач“ се однесува само за кривични дела за кои нема постапки, во случајов се работи за предмет што е длабоко навлезен во истрагата од што се подразбира дека е нарушена тајноста на постапката, а со тоа е сторено кривично дело. Од извршените проверки е утврдено дека објавените записници и други докази посочени на вчерашната прес конференција не потекнуваат од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Обвинителството доколу утврди елементи на кривично дело ќе постапи согласно своите надлежности.“- одговорија од ОЈО.

Мицкоски пак вели дека се уште не бил повикан од обвинителството да даде исказ, но очекува да го осудат и апсат. Пак се закани дека ако истрагата запне, тогаш тие ќе ги објават документите кои ги добиле од „свиркач“.

– „До овој момент немам добиено никаква покана од ОЈО,но во епицентарот на Заевизмот од Зоран Заев, Вилма Русковска и Кацарска очекувам да Зоран Заев нареди, Вилма Русковска испорача, а Кацарска пресуди. Така шти тука сум гонете обвинувајте апсете.“- изјави Мицкоски за ТВ24.

InterServer Web Hosting and VPS