Александар Белов става крај на ергенскиот живот: Со фотографија од прстенот објави дека се вери со саканата Јелена

Македонскиот пејач, кој се прослави со учеството во шоуто „Операција Триумф“,Александар Белов има среќна вест – ја запроси својата девојка Јелена Станковиќ.

32-годишниот неготинец ја објави веста за свршувачката со фотографија од прстенот.

Александар и Јелена во август прославија 6 години во врската.

„За да живеам, ми треба срце. За да имам срце, ми треба среќа. А за да имам среќа, потребна ми си само ти!!! Среќна годишнина“ – напиша Белов во описот на фотографии со кои ѝ ја честиташе годишнината.

Александар и Јелена живеат во Крагуевац, нејзиниот роден град./ekran.mk

InterServer Web Hosting and VPS