Бразилски министер со навреди за Макрон и сексистички шеги за неговата сопруга Брижит

Новиот бразилски министер за туризам Ренцо Гарсија, во видео објавено на Твитер го нарече францускиот претседател Емануел Макрон „кловн“ и се закани дека ќе го задави.

– Дојди ваму! Ќе те фатам за врат, тој пилешки врат. Нема да ме измамиш, се закани Гарсија во видеото, лут на Макрон откако тој реагираше на пожарите во бразилскиот дел на Амазонија.

– Единствениот оган кој гори е огнот во бразилските срца и во срцето на нашиот претседател, кловну!, изјави поранешниот ММА борец, обраќајќи му се на Макрон, кого го нарекува Микрон.

По објавеното видео, бразилски новинар побара објаснување од министерот, но тој продолжи со навреди кон францускиот министер.

– Луѓето ќе помислат дека го нареков пиле затоа што сум сакал да ја доведам во прашање неговата машкост, но сум видел многу геј луѓе кои биле помажевни од овој имбецил, рече Гарсија и се префрли со навредите на француската прва дама Брижит.

– Ќе ви поставам прашање: Дали е грда или убава? Дали би ви фатила око?…Фактот дека Макрон спие со змеј не го прави познавач на огнот. Грда е човече, изјавил министерот.

Бразилскиот претседател Жаир Болсонеро неодамна, исто така, ја навредуваше Брижит Макрон, потсетувајќи на нејзините години и фактот дека е 24 години постара од својот сопруг.

InterServer Web Hosting and VPS