Apple ги тестира своите AR очила

Според гласините, кои постојат веќе со години, Apple работи на AR очила за проширена реалност, а некои предвидуваат дека производот би можел да пристигне на пазарот во текот на 2020. година. Сега се појавија нови детали.

Кодот кој е откриен во рамките на iOS 13 бета укажува на апликацијата под името “STARTester”, која може да префрла од и во модот на уредот кој се става на глава. Постои референца за уредот, со кодно име “Gart”, за кој се верува дека се AR очилата кои ги развива Apple.

Секако, сето наведено е потребно да се земе со резерва, бидејќи компаниите често тестираат производи кои никогаш не се појавуваат на пазарот. Исто така, DigiTimes претходно објави дека е запрена работата на AR очилата на Apple, така што следниот период ќе открие колку вистина има во наведените информации. ИЗВОР: https://usb.mk

InterServer Web Hosting and VPS