Иранскиот танкер не емитува сигнали за својата позиција

Иранскиот танкер „Адријан Дарја 1“, кој е во центарот на спорот меѓу Техеран и Западот, најверојатно го исклучил својот транспондер на Медитеранот западно од Сирија, покажаа податоците за следење на бродови „Рефинитив“.

Податоците покажале дека танкерот натоварен со иранска сурова нафта го испратил последниот сигнал за својата позиција некаде помеѓу Кипар и Сирија пловејќи на север во 3.53 часот во понеделникот, пренесува „Ројтерс“.

InterServer Web Hosting and VPS