Селма Хаек слави роденден во минијатурно бикини: Наполнив 53 години, па што?

Една од најубавите холивудски актерки, Селма Хаек, денеска наполни 53 години. Иако многу актерки се обидуваат да изгледаат добро, Селма баш и не мора претерано да се грижи за својот изгледа благодарение на добрата генетика.

Судејќи според фотографиите што ги објавува на својот Инстаграм-профил, актерката изгледа фантастично. Таа пред роденденот објавила фотографија во тиркизен костим за капење од плажа и ги воодушевила сите со својата фигура.

Костимот за капење ги истакнал добро познатите бујни облини на актерката, која под фотографијата напишала: „Утре полнам 53 години. Па што?“. Селма очигледно со оваа порака сака да стави до знаење дека не се плаши од годините, и дека тие не ѝ можат ништо.

Очигледно убавата актерка е задоволна од својот живот, но и од изгледот./plusinfo.mk

InterServer Web Hosting and VPS