Џенифер Лопез заработува милион долари за едноминутно снимање на нејзините нозе

Латинопејачката Џенифер Лопез, покрај концертите, одлично заработува и од снимање реклами. Покрај чевлите кои таа самата ги дизајнира, Лопез им дава совети на жените како да ги негуваат стапалата. Едноминутно појавување на нејзините нозе во реклама чини милион долари.

Модните брендови ѝ плаќаат од 200.000 до 500.000 долари, за да се појави на црвениот килим во нивните скапи креации. Пејачката веќе подолг период има направено бренд од своето име.

Освен од свирки, таа одлично заработува и од своето тело. Лопез го има осигурано секој дел. За промоција на производи за нега на косата досега наплатила 2,9 милиони долари.

Се проценува дека вредноста на телото на Лопез денес изнесува 360 милиони долари. Само задникот пејачката го има осигурано на 27 милиони долари.

InterServer Web Hosting and VPS