ПСЖ ги замоли ултрасите да имаат милост кон Нејмар

Откако пропадна трансферот на Нејмар во Барселона, управата на ПСЖ ќе се обиде да ги смири односите меѓу Бразилецот и нивните најверни навивачи на трибините.

Бразилецот барем до наредното лето ќе игра во ПСЖ, но сигурно ќе се соочи со навреди од трибините или транспаренти и скандирања, како што се случи тоа на отворање на француското првенство.

Поради таа причина, управата побара состанок со двете најголеми навивачки групи на ПСЖ и ги замоли да имаат милост кон Нејмар и да не го навредуваат.

Едната од двете групи ветила дека ќе престане со навредите кон Бразилецот, додека втората не сакала да открие како ќе се однесува кон Нејмар.

InterServer Web Hosting and VPS