ДИРЕКТОРИ ПРВИ НА ТАПЕТ: Хрватска покрена први обвиненија во аферата „Агрокор“

Хрватското државно обвинителство ги покрена првите обвиненија во аферата „Агрокор“ против 29 лица, меѓу кои се и директори на 13 компании кои биле добавувачи на концернот.

На обвинетите на товар им се ставаат фалсификување на службени и деловни исправи.

Се работи за расплет на дел од аферата која се однеува на меници, поради што истрагата е покрената во почеток на годината.

Медиуми пренесуваат дека сомнежите се дека од 4 јануари 2010 до 28 март 2017 обвинетите директори во име на своите фирми потпишувале меници кои ги издавале на компании од концернот „Агрокор“ . Во мениците било невистинито наведено дека се издадени за вредност примена во стока со што како се наведува директорите били запознаени.

InterServer Web Hosting and VPS