Кина испраќа нови трупи во Хонгконг

Кинеските државни медиуми денеска објавија снимки од војници кои преминуваат во Хонгконг како дел од, како што ја нарекоа, рутинската ротација на трупите во време на стравување дека војската би интервенирала за задушување на продемократските протести.

Оклопни транспортери, камиони и патролни чамци беа прикажани како се движат од соседниот Шенжен кон Хонгконг во 22. ротација на силите во хонгконшкиот гарнизон на Народноослободителна армија, јави новинската агенција „Ксинхуа“.

Тримесечните антивладини протести во Хонгконг предизвикаа загриженост дека армијата ќе биде испратена во полуавтономниот регион. Гарнизон во Хонгконг претходно објави промотивна снимка на која се прикажани сцени од војници кои се соочуваат со луѓе облечени како демонстранти.

Војниците кои се дел од новата ротација добија обука за законите во Хонгконг и ветија дека ќе го бранат кинескиот суверенитет, наведува „Ксинхуа“.

Денес се заменети и трупите во друг кинески специјален административен регион Макао.

InterServer Web Hosting and VPS