0.8 C
Skopje
Sunday, January 23, 2022

9 совети од нутриционист: лубеницата ја подобрува циркулацијата, а јагодата чисти од тoксини..

Најчитани вести

Постојат одредени намирници кои е потребно да се јадат во текот на летото, за да бидете постојано хидрирани и да се прочистите од ток.сините акумулирани во текот на зимата.

Секако, како и во сè друго, потребно е да се најде вистинската мерка, бидејќи во спротивно, шеќерите што се во составот на овие намирници може да предизвикаат спротивен ефект.

Едно од решенијата може да биде комбинирање на свежо овошје со бадеми, ореви или суво овошје, кое е полно со растителни влакна, протеини и масти кои спречуваат прекумерна апсорпција на шеќер, а исто така одржуваат ситост подолго време.

Лубеница за циркулација. Освежувачка и одлична за одржување на линијата, лубеницата се препорачува за оние кои сакаат да се ослободат од вишокот течности и ток.сини. Богата е со минерали, како што е калиум, а изобилува и со голема количина на витамин Ц.

Праски за подобро варење на храната. 100 грама од ова овошје има само 30 калории, а влакната го забрзуваат варењето на храната. Исто така, содржи витамин Е, кој е важен за подобрување на циркулацијата.

Јагоди. Полифенолите во јагодите ја стимулираат работата на црниот дроб, но исто така ја забрзуваат елиминацијата на ток.сините и масните наслаги. Покрај тоа, тие поволно влијаат на дигестивниот и екскреторниот систем.

Кајсии. Ова овошје содржи витамини од групата Б, пред сè Б2 и Б3, кои учествуваат во забрзување на метаболизмот.

9 правила од познат нутриционист: ,,Ако сакате да доживеете длабока старост, хранете се вака”

Oние кои сакаат да доживеат длабока старост, сепак треба да внимаваат на исхраната и да се хранат здраво. Секако не треба да се исклучат други важни фактори како што се правилното спиење, физичката активност и внатрешниот мир.

Познат нутриционист ги насочи едни од основните правила кои треба да се почитуваат доколку сакате да проживеете уште неколку години.

Нека вашата диета се заснова на што повеќе зеленило. По можност до 90%.

Како по правило, луѓето кои живеат сто години, повеќе јадат многу различни видови градинарски зеленчук и месести зелени лисја (особено спанаќ, зелена салата, лисја од репка, блитва и разни зелки) – се разбира, во време на сезона.

Кога свежиот зеленчук не е достапен, треба да се јаде ферментиран зеленчук како кисели краставички и кисела зелка, житарици, овошје, ореви и разни семиња.

Не смеете да заборавите на маслинките и маслиновото масло. Научните студии покажуваат дека редовната кон.сумација на маслиново масло го зголемува нивото на добар холестерол во кр-вта и соодветно го намалува нивото на лош холестерол.

Намалете ја кон.сумацијата на месо. Повеќето стогодишници јадат месо само за време на големите празници и тоа во мали количини. Исто така, намалете ја кон.сумацијата на риба. Не е здраво да јадете големи количини на која било храна. Рибата е месо и не треба да се кон.сумира често. Затоа, воздржете се и кога станува збор за овој производ.

Јадете многу мешунки. Имајте грав и леќа на вашето мени најмалку еднаш неделно. Мешунките во просек имаат околу 21% протеини, 77% сложени јаглехидрати и само неколку проценти масти. Бидејќи содржат многу здрави влакна, тие создаваат чувство на ситост, што ќе спречи внесување и грицкање на нездрава храна.

Не јадете слатки. Прашајте кој било стогодишник дали сака да јаде слатки, одговорот ќе биде НЕ! Ако сакате да доживеете длабока старост, заборавете на слаткото.

Ужина – ореви. Тоа можат да бидат бадеми, ореви, лешници, семки од тиква, семки од сончоглед итн. Но, исто така, треба да внимавате на дозата. Оревите се многу калорични и не треба да ги јадете големи количини.

Елиминирајте го белиот леб од вашата исхрана како оној што содржи квасец. Едноставно, наместо бел леб, јадете бесквасен леб, направен од црно брашно. Обидете се да пиете што повеќе вода. Отфрлете ги газираните пијалаци и купечките сокови со многу шеќер.

Стогодишниците обично пијат многу вода, а понекогаш вино, кафе и чај. Билните чаеви се исто така многу важни. Започнете да јадете органска, природна храна. Колку што е можно помалку термички обработена храна. Ако веќе подготвувате ручек, нека биде комбинација од три намирници, не повеќе од тоа.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com