7.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

9 намирници што никој не смее да ги јаде: Исфрлете го ова од исхраната еднаш засекогаш!

Најчитани вести

Постојат бројни производи што се рекламираат како здрави, иако всушност ја нарушуваат функцијата на органите и негативно влијаат врз организмот.

Основачот и сертифицираниот диететичар и водич за здрава исхрана, Џерад Коч, навел 9 намирници што се опасни за човечкиот организам.

1. Преработено месо

Месните производи, колбасите и шунките, што ги има во изобилство во сите продавници, се направени од месо од животни одгледувани на индустриски фарми. Тоа значи дека тие постојано се во заробеништво, што придонесува за развој на многу болести и зголемен морталитет. Поради тоа, им се дава храна заситена со антибиотици, хормони за раст и други лекови.

2. Конзервирана храна

Голем дел од зеленчукот од конзерва, особено доматите, содржи бисфенол-А, токсична супстанција што негативно влијае врз репродуктивниот и нервниот систем, предизвикува дијабетес, болести на срцето, рак и други нарушувања. Конзервираната храна подобро е да се замени со свеж зеленчук и овошје. Конзервираната храна што содржи преработено месо е дополнително нездрава и никако не се препорачува во исхраната.

3. Транс-масти

Замената на природниот путер со маргарин или други вештачки мачканици е смрт за организмот. Супстанциите што настануваат во текот на приготвувањето такви мачканици предизвикуваат многу здравствени проблеми: болести на срцето и крвните садови, рак, проблеми со кожата и коските, неплодност, хормонски дисбаланс, проблеми во растот и тешкотии при учење кај децата. Од друга страна, линолната киселина, што се содржи во органските маснотии, не само што го блокира развојот на рак и дијабетес, туку промовира и губење на тежината.

4. Пуканки од микробранова печка

Хемикалиите што се користат за обработка на пакувањата за брза храна влегуваат во храната и потоа се внесуваат во организмот. Агенцијата за заштита на животната средина ги признава како „најверојатно канцерогени“ и како супстанции што му штетат на развојот и здравјето на репродуктивните органи. Освен тоа, овие намирници влијаат врз поттикнувањето на хормонските функции.

5. Растително масло

Рафинираните, неквалитетни масла тешко се преработуваат за да го нарушат односот на омега-3 и омега-6 масните киселини, што доведува до срцеви заболувања и ризик од тумор.

6. Прскано овошје и зеленчук

Многу свежи плодови се генетски модифицирани, а речиси сите традиционални земјоделски производи се третираат со отровни пестициди. Подобро е да се одберат зеленчук и овошје кои се одгледуваат во домашни услови.

7. Преработена сол

Кујнската сол содржи мали количини на опасни хемикалии кои се отровни и се штетни по здравјето. Џерад Коч предлага да купувате нерафинирана природна сол, која има многу лековити својства.

8. Производи од соја

Околу 95% од сојата се генетски модифицирани. Протеини од соја се додаваат во речиси сите готвени јадења и пијалаци. Според податоците на едно истражување, производите од соја предизвикуваат нарушувања на дигестивниот, ендокриниот и имунолошкиот систем, репродуктивна патологија, неплодност и рак.

9. Вештачки засладувачи

Сите вештачки засладувачи содржат супстанции кои предизвикуваат зголемен апетит, зголемена зависност од јаглехидрати, го стимулираат таложењето на вишок маснотии и предизвикуваат зголемување на телесната тежина. Нивната безбедност, заснована на испитувања на животни, е погрешна, бидејќи телата на животните содржат соединенија што ги разложуваат и излачуваат овие супстанции, но истите тие ги нема во човечкото тело, тврди Коч.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com