1 C
Skopje
Wednesday, January 27, 2021

Најчитани вести

По формулата на Giuliа влегува во ринг со BMW Serieѕ 3 и со Mercedes-Benz C-Class, во атрактивна coupe – лимузина изведба, што кон крајот на минатата 2018 година беше најавен со концептот Vision Coupe,со моќно ергеле од 285 KS под хаубата.

Конечно сите „сериозни играчи“ во премиум сегментот се враќаат кон класичниот концепт, секако во hi-tech издание, со мотор во должина напред поставен и погон назад.

Кон тој концепт се врати култната Alfa Romeo Giulia, a истото од секогаш го фаворизирал и il Commendatore, a кон таа концепција во 2021 година се враќа и Mazda6 од четвртата генерација, што веќе се појави во илустрацијата на германскиот специјализиран магазин Autozeitung.de.

Откако Mazda ја промовира новата серија на базни погонски агрегати SkyActiv-X, со компресиско палење (по концептот на дизел моторите), сега ја најавува следната генерација на Mazdа6, coupe- лимузина, со мотор со шест цилиндри и работен волумен од 3.0-литри, се разбира SkyActiv X, со моќност од 285 KS и вртежен момент од 345 Nm, поставен по должина напред и со погон на задната оска.

Секако и тој ќе биде цо меко хибридна технологија со 48- волтна мрежа. Ќе се базира врз концептот Mazda Vision Coupe, претставен кон крајот на минатата 2018 година, на салонот во Лос Анџелес.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести