21.8 C
Skopje
Tuesday, July 5, 2022

83 нови случаи на Ковид-19 и двајца починати

Најчитани вести

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.430 тестови, а регистрирани се 83 нови случаи на Ковид-19 од: Скопје – 45, Битола – 8, Берово – 6, Ресен – 4, Куманово и Гостивар по 3, Прилеп, Кичево, Свети Николе и Македонска Каменица по 2 и по еден заразен од Тетово, Кавадарци, Охрид, Штип, Гевгелија и Дебар.

Од вкупниот број на позитивни (83), регистрирани се 13 реинфекции.

Во текот на изминатото деноноќие не се пријавени починати лица.
Согласно Регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“ регистрирани се 2 починати лица од Скопје (78) и Струмица (62), од кои едно е починато во домашни и едно во болнички услови. Лицата се пoчинати во период од 28. април до 12. мај годинава.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се и 79 оздравени пациенти од: Скопје – 37, Битола – 15, Прилеп – 7, Куманово, Кавадарци и Велес по 3, Охрид, Штип и Гевгелија по 2 и по еден оздравен од Берово, Ресен, Кичево, Крива Паланка и Богданци.

Направените 1.430 тестови ср преку: ИЈЗ-187, ЦЈЗ Скопје-62, ЦЈЗ Битола-45, ЦЈЗ Прилеп-13, ЦЈЗ Тетово-18, ЦЈЗ Куманово-41, Судска медицина-1, Институт за микробиологија–65, Жан Митрев (Филип Втори)-28, Авицена-28, Биотек-96, Систина-39, лабораторија Лаор-22, Синлаб-12, Ремедика-19, Плодност-21, Генеа-8, Никоб Лаб-92, ВФВ Медикал-13, Ели медика плус-9, Ројал медика–1, Спектра-ММ-1, Рапид лаб–4, Жан Митрев Струмица–4, Нова лаб дијагностика–1, Рамус-10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 590.

Досега во земјата се направени вкупно 2.039.981 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 310.942, бројот на оздравени пациенти е 301.114, на починати е 9.293, а бројот на активни случаи изнесува 535.

Согласно епидемиолошките aнализи, дистрибуција по градови е следна:

Скопје 146222, Активни 309
Куманово 16660, Активни 11
Битола 15561, Активни 63
Прилеп 14193, Активни 16
Тетово 13468, Активни 6
Кавадарци 10671, Активни 17
Велес 9782, Активни 3
Гостивар 9603, Активни 10
Охрид 8886, Активни 21
Струмица 8071, Активни 2
Штип 8043, Активни 10
Кичево 5638, Активни 6
Кочани 5087, Активни 8
Струга 4724, Активни 5
Гевгелија 4417, Активни 4
Неготино 3687, Активни 4
Ресен 2743, Активни 14
Свети Николе 2628, Активни 4
Радовиш 2530, Активни 1
Крива Паланка 2415, Активни 1
Делчево 1983, Активни 3
Дебар 1675, Активни 1
Берово 1671, Активни 10
Валандово 1488, Активни 0
Виница 1393, Активни 0
Пробиштип 1267, Активни 0
Богданци 1021, Активни 0
Кратово 965, Активни 0
Крушево 927, Активни 1
Демир Хисар 836, Активни 3
Македонски Брод 736, Активни 0
Демир Капија 593, Активни 0
Македонска Каменица 525, Активни 2
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 347, Активни 0

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com