Home » „80.000 евра надомест за секое семејство на починат во трагедијата, финансиска поддршка за повредените…што точно одбија пратениците на ВМРО“, објави СДСМ

„80.000 евра надомест за секое семејство на починат во трагедијата, финансиска поддршка за повредените…што точно одбија пратениците на ВМРО“, објави СДСМ

by Журнал.мк

„Парламентарната група на СДСМ и коалиција поднесе Предлог-закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани што се случи на 16 март во која кога животот го загубија 62 лица, а над 200 беа повредени. Овој закон предвидуваше сеопфатна, праведна и итна поддршка за жртвите, преживеаните и нивните семејства, со конкретни мерки и гарантирани права. За жал, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против – со што свесно ги ускратија семејствата од правична и заслужена поддршка“, соопшти СДСМ.

„Еве што точно одбија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ:

*80.000 евра надомест за секое семејство на починат во трагедијата – еднократен паричен надомест за душевна болка и нематеријална штета

*Финансиска поддршка за повредените според степен на инвалидитет– од 1.200.000 до 5.000.000 денари, во зависност од утврдениот степен

*Покривање на трошоци за лекување – дома и во странство – хируршки интервенции, психолошка рехабилитација, лекови, помагала, сместување и транспорт

*Образовна поддршка за ученици и студенти– онлајн настава, ослободување од приемни и матурски испити, стипендии до крај на студии

*Платено отсуство за родители на повредени деца – најмалку 6 месеци платено отсуство и можност за продолжување по лекарска препорака

*Скратено работно време за родители до една година – со покривање на придонеси за родителите кои работат во приватниот сектор

*Психосоцијална и правна помош – за повредените и за семејствата на загинатите, најмалку една година

*Домашна нега и поддршка од социјални работници– за лица со инвалидитет стекнат од несреќата

*Државна поддршка за преквалификација и самовработување – за повредени кои не можат да се вратат на претходното работно место

*Можност за адаптација на домот и набавка на возило– за лица со траен инвалидитет

*Воспоставување на независна Комисија за проценка и следење– со стручњаци, претставници на институции и членови од семејствата на жртвите

*Законот е применлив и за претходни трагедии со македонски граѓани– Ласкарци (2019), Тетово (2021), „Струма“ во Бугарија (2021)“, објави СДСМ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk