17.8 C
Skopje
Saturday, June 19, 2021

80 лица со лесни несакани ефекти од вакцинираните 46.000 во Хрватска

Најчитани вести

Во Хрватска до овој викенд вакцинирани се околу 46.000 граѓани, а 80 од нив имаат претежно лесни несакани ефекти, изјави Алемка Маркотиќ, директорка на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“.

Таа потврди појава на силна алергиска реакција кај еден човек и изјави дека лекарите се подготвени да се „соочат и да ја решат“ ситуацијата.

Во изјава за ХТВ таа додаде дека „некои несакани ефекти, како што се треска и болка во раката“ се очекуваат по втората доза на вакцинација, но не се регистрирани опасни несакани ефекти за време на клиничката студија или за време на вакцинацијата во земјите каде што повеќе луѓе примиле вакцина.

– Епидемиолошката слика станува се подобра, но треба да бидеме претпазливи кога ги олеснуваме мерките бидејќи се шири нов мутиран вид на вирусот, рече Алемка Маркотиќ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести