21.8 C
Skopje
Wednesday, July 6, 2022

8 навики поради кои нашиот мозок забрзано пропаѓа: Овие работи го разоруваат нашиот нервен систем

Најчитани вести

Некои од нашите секојдневни навики можат исклучително лошо да влијаат на здравјето на мозокот. Сепак, многумина од нас не се свесни за тоа и почнуваат да внимаваат дури кога е доцна и кога тој орган е болен.

Бројни истражувања докажале дека следните навики можат да имаат негативни последици на здравјето на мозокот, а во некои од случаите да доведат и до деменција.

1. Не појадувате

Многу од луѓето не појадуваат. Некои поради тоа што сакаат да ослабнат, други брзаат да излезат од дома и едноставно немаат време за појадок. А, има и луѓе кои едноставно не сакаат да јадат наутро – кога ова го правиме спречуваме испорака на хранливи материи во мозокот.

2. Се прејадувате

Прејадувањето ги оштетува артериите на мозокот и срцето. Дали сте слушнале за мозочен удар? Да, тоа постои е навистина е грозно, а ова е една од причините за тоа.

3. Консумирате премногу шеќер

Покрај шеќерни болести, шеќерот спречува апсорпција на протеините и хранливите материи, предизвикувајќи разорување и деформирање на мозокот.

4. Пушење цигари

Сите знаеме дека пушењето цигари е штетно. Сега замислете дека шансите за болести, како што се Алцхајмер и Паркинсонова болест, многу се зголемуваат доколку пушите цигари.

5. Не спиете доволно

Многу од луѓето имаат лоша навика да не спијат доволно. Запомнете дека сонот е неопходен за да може мозочните клетки да се одморат.

6. Работите кога сте болни и трпите голем притисок на работа

Ова е многу опасна навика. Доколку работите кога имунитетот ви е опаднат, вашиот мозок доживува големо оптоварување. Неопходно е да му дозволите на цело тело да се одмори, вклучувајќи го и мозокот за да може да закрепне.

7. Не размислувате

Размислувањето е главна задача на мозокот. Доколку поголем дел од времето го поминувате здодевно, тогаш правите големо злосторство против својот мозок. Читајте, гледајте телевизија, решавајте проблеми, бидете креативни, учете јазици.

8. Избегнувате контакт со луѓето

Комуникацијата е најдобриот начин да го стимулирате мозокот. Зборувајте со луѓето секој ден. Изолацијата од светот нема да ви помогне да доживеете нови искуства и мозокот може да атрофира.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com