Home » 777 казни за возачи во текот на вчерашниот ден, 212 за пребрзо возење

777 казни за возачи во текот на вчерашниот ден, 212 за пребрзо возење

by Журнал.мк

На подрачјата на осумте сектори за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.03.2025) полициските службеници, во рамки на интензивните сообраќајни контроли, издадоа вкупно 777 платни налози, по преземени мерки по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.

По однос на изречените прекршочни санкции и натаму најголемиот број изречени прекршоци против возачи – 227 се однесуваат на непрописно паркирање, а 212 – се однесуваат на непочитување на дозволената брзина на движење. Потоа следат прекршоците по основ на непоседување на возачка дозвола – 53; па прекршоците за некористење на сигурносен појас (47) и за користење на мобилен телефон при возење (28), како и 25 прекршоци што ги сториле пешаци.

Во рамки на контролите, во три случаи евидентирано е минување на возило на црвено светло, осуммина возачи управувале возило под дејство на алкохол, а евидентирани се и 21 нерегистирано возило, како и шест возила кои што биле технички неисправни.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените мерки и активности во поглед на сообраќајната безбедност и апелираме до сите учесници во сообраќајот за целосно почитување на сообраќајните правила и прописи.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk