Home » 73-годишен кумановец измамен – му земале пари, но не му донеле дрва

73-годишен кумановец измамен – му земале пари, но не му донеле дрва

by Журнал.мк

Седумдесет и тригодишен кумановец пријавил во полицијата дека бил измамен за 6.000 денари за набавка на огревно дрво, соопшти денеска полицијата. Тој ги платил, но не ги добил дрвата.

– Вчера во 13.15 часот во СВР Куманово 73-годишен маж пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 6.000 денари. Според пријавеното, откако лицето му понудило огревно дрво и тој му ги дал парите, се упатиле на местото каде наводно биле складирани дрвата. Притоа, како што стои во пријавата, лицето му кажало дека ќе се врати, откако ќе провери до каде е камионот за транспорт на дрва, но не се вратило, информираат од СВР Куманово.

Посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More