7-ми март – „Денот на учителите“ наставниците го дочекаа незадоволни поради нивниот статус. И покрај пожртвуваноста и предизвиците со кои се соочуваат, наставниците велат дека имаат помали плати во споредба со платите во другите институции. Теута Хаскај Војника, наставничка во ОУ „25 Мај“ во Синѓелиќ. За Алсат вели дека ниските плати и губењето на почитта кон оваа света професија предизвикале да се намали интересот кај младитеза да станат учители во иднина.
„Со жалење велам дека оваа многу хумана професија има најниски плати. Имаме дефицит на многу професии. Не сум слушнал ниту еден ученик да каже дека ќе студира математика затоа што знае дека ќе мора да се потруди, да вложи многу труд и на крај да заврши во училиште со платата што ја имаме. Се надевам дека малку ќе ни се промени системот и дека не е се до платата, малку е и до хуманоста и желбата за работа. Оваа работа ја работам со многу лубов”, рече Теута Хаскај Војника, наставничка.
Рамиз Јакупи е наставник веќе 30 години. Моментално предава во ОУ „Перпарими“ во село Крушопек, општина Сарај. Но, со голема емоција и задоволство се присетува на предизвиците со кои се соочувал додека работел во училиштата во планинските села каде со многу други колеги пешачел и до 20 километри.
„Верувајте никогаш немам ниту еден ден боледување, никогаш не сум пропуштил ниту еден ден, 30 години можам да ве уверам дека никогаш не сум пропуштил ниту еден ден. Фала му на Бога, имав добро здравје, не морав да одам на боледување, но никогаш не сум отсутен. Ќе ви раскажам приказна од селото Раовиќ. Тргнавме со еден мој колега, снегот беше околу 50 сантиметри. Од Букувиќ до Раовиќ пеш е пет километри, а кога стигнавме таму по пат од два часа, ги затекнавме сите ученици кои не чекаа, тоа беше најголемото задоволство“, додаде Рамиз Јакупи, наставник.
Некои наставници проценуваат дека нивната кариера треба да заврши со 30-годишно работно искуство. Тоа е затоа што во овој период ја трошат целата енергија и тешко излегуваат на крај со новите генерации.