14.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

7 причини зошто е добро да јадете цреши

Најчитани вести

Американскиот портал за здравје, Women’s Health, го пренесува ставот на нутриционисти, според кој, црешата е едно од најуникатните и најкорисните овошја, со повеќе свои корисни својства, дури и кога e конзервирано.

Се проценува дека една просечна чаша цреши содржи 1,5 грама протеини, три грама растителни влакна и огромна количина витамини и хранливи материи. Овие плодови не само што нѐ подмладуваат, туку и го подобруваат спиењето.
Следат 7 од придобивките од консумирањето ова овошје:

1.Црешата може да спречи брчки. Богата е со витамин Ц (10 милиграми на чаша), како и други антиоксиданти кои го потиснуваат воспалението и оксидативниот стрес во организмот.

2.Ова овошје помага и во намалување на можноста од рак. Црешите содржат полифеноли – корисни соединенија кои имаат антиканцерогено дејство. Ако некое лице е изложено на опасност од одредени видови рак, велат стручњаците, против тоа треба се бори со антиоксиданти како фенолните соединенија, бидејќи тие се борат против слободните радикали кои ги оштетуваат клетките.

3.Друго корисно својство на црешата е намалување на крвниот притисок, што може да одврати срцев или мозочен удар.

  1. Црешите го спречуваат забавувањето на умствените функции. Благодарение на антоцијанините – полифенолните антиоксиданти кои им ја даваат онаа продорна црвена боја, овошјето ја подобрува работата на мозокот и помнењето.

5.Може да го намали ризикот од срцев удар, што е поттикнат од хронично воспаление во крвните садови. Антиоксидантите во овошјето ги опуштаат крвните садови, го намалуваат воспалението и притисокот и ги штитат крвните садови.

6.Ова овошје помага во борбата и против дијабетес тип 2. Полифенолите во црешата ја подобруваат чувствителноста на инсулин, така што глукозата се апсорбира во клетките и се претвора во енергија.

7.Црешите им помагаат на луѓето да спијат подобро. Тие се богати со мелатонин – хормонот кој го регулира циклусот на спиење-будење.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести