-3.2 C
Skopje
Wednesday, January 19, 2022

7 клучни намирници за здраво срце: Оваа храна е спас за кардиоваскуларниот систем, тврдат нутриционистите!

Најчитани вести

Здравјето на нашиот организам зависи од нашите животни навики и од храната што ја внесуваме. За да го намалиме ризикот од срцеви заболувања, пожелно е што почесто да се јадат овие намирници, а нутриционистите објаснуваат зошто токму тие се наоѓаат на овој список…

Овесна каша

Ако сакате денот да го започнете со најдобриот појадок за срцето, домашната овесна каша е вистинскиот избор.

„Овесот е цела житарка, одличен извор на влакна и помага лошиот ЛДЛ холестерол помалку да се апсорбира во крвотокот“, објаснила нутриционистката Ејми Гудрич.

Јаткасти плодови

„Да, содржат многу масти, но исто така се преполни со антиоксиданси и валкна. Го намалуваат холестеролот и воспалителните процеси во телото“, рекла нутриционистката Тина Мариначо.

Поради многуте калории што ги содржат, ако внимавате на килограмите, немојте да изедете повеќе од 30 грама, советува таа.

Грав

Направете му услуга на вашето срце и јадете грав, тоа е одлична храна за срцето! Ќе внесете многу протеини, а малку заситени масти и холестерол.

„Гравот е полн со влакна и растителни протеини, како и сите други мешунки. Го намалува притисокот и воспалителните процеси во телото“, рекла Гудрич.

Масна риба

„Туната, лососот и другите масни риби би требало да се консумираат два пати неделно. Одличен извор се на омега-3 масни киселини, ги снижуваат триглицеридите, притисокот и вкупниот холестерол“, објаснила Гудрич.

Зрнесто овошје

„Сите бобинки се добар извор на антиоксиданси што нѐ штитат, како и на фитохемикалии кои се поврзани со здравјето на кардиоваскуларниот систем“, рекла диететичарката Колин Кристенсен.

Соја

Непреработената соја е одлична за да внесете протеини, влакна, здрави масти и антиоксиданси. Го намалува холестеролот, притисокот, триглицеридите и воспаленијата во организмот.

Авокадо

Можеби лекарот ви кажал да внесувате помалку масти, но здравите масти како оние што ги содржи авокадото, дефинитивно се препорачливи.

„Авокадото содржи мононезаситени масти што го снижуваат холестеролот и го намалуваат ризикот од болести на срцето, како и олеинска киселина, омега-9 масна киселина, која смирува воспаленија. Авокадото содржи и повеќе калиум од бананата, витамин К и влакна“, рекла диететичарката Беки Керкенбуш.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com