Home » 696.518 патници преминале преку Табановце во јануари и февруари

696.518 патници преминале преку Табановце во јануари и февруари

by Журнал.мк

Вкупно 696.518 патници преминале преку Граничниот премин Табановце во првите два месеци од годинава.

Ова денеска го истакна дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев кој ја посети Полициската станица Граничен Премин Табановце.

Како што рече тој, во наведениот период на ГП Табановце извршена е селективна контрола на вкупно 28.278 патници, откриени се 6 кривични дела и 59 прекршоци.

– Oткриени се вкупно 8 фалсификувани документи. Во однос на истиот период лани се бележи тренд на зголемување на бројот на откриени документи за 14,9%. Исто така откриен е еден случај на сомнение за фалсификувано возило. Во делот на илегална миграција во однос на истиот период лани се бележи тренд на зголемување на бројот на откриени илегални мигранти за 60%”, информираше Бојмацалиев.

Според дополнителниот заменик министер, обезбедени се 10 специјални возила за надзор, со термални камери со домет од 10 километри.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More