13.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

648 возачи ја пречекориле дозволената брзина

Најчитани вести

За време на сообраќајните контроли на територијата на целата земја полицијата изрече 648 санкции за брзо возење, a само во Скопје се изречени 106 казни. Како што соопшти МВР, 332 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 316 надвор од населено место на патиштата низ Македонија.

Од нив, 78 возилa од нив се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 13 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 162 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 106 санкции, девет за управување возило под дејство на алкохол, 10 за возење без возачка дозвола, две за возач почетник, две за некористење сигурносен појас, три за користење мобилен телефон, две за нерегистрирани и технички неисправни возила, четири за недавање првенство на минување на пешаци, две за минување на црвено светло, четири за прекршоци што ги чинат возачите на велосипеди и моторцикли, седум за непрописно паркирање.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови“, предупредува МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com