-6.2 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022

600 000 денари за семејствата на загинатите и повредените патници во сообраќајката во Бугарија

Најчитани вести

Асоцијацијата на спортски обложувачници на Македонија (АСОМ) донира 600 000 денари за семејствата на настраданите и повредените патници во трагичната сообраќајна несреќа кај Струма, во Република Бугарија.

Согласно одлуката на членките на АСОМ, паричните средства ќе бидат префрлени на сметката на Црвениот крст, кои организацијата ќе ги распредели на повредените патници и семејствата на настраданите, државјани на Република Северна Македонија.

„Со длабоко жалење ја примивме веста за трагичната сообраќајна несреќа која се случи кај местото Струма, во Република Бугарија, во која животот го загубија наши сограѓани, а неколкумина се повредени. Загубата на човечки животи е ненадоместлива, но како организација, која во многу наврати ја покажала својата општествена одговорност, веднаш и без двоумење одлучивме да обезбедиме помош на оние на кои, во овие моменти, помошта им е навистина потребна. Изразуваме благодарност до Црвениот крст кој и овој пат логистички ќе ја поддржи нашата донација и ќе овозможи паричните средства да бидат распределени до сите семејства на настраданите, како и до повредените патници кои се државјани на нашата земја – се вели во соопштението од АСОМ.

Во големата трагедија што се случи минатата недела во автобус на „Беса транс“ животот го загубија 45 лица.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com