Home » 60 ГОДИНИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ За Пендаровски важна e едукацијата на сите учесници

60 ГОДИНИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ За Пендаровски важна e едукацијата на сите учесници

by Журнал.мк

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Гордана Кожуваровска, претседателка на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со која разговараше за севкупните активности на Советот насочени кон унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата и намалување на бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди.

Претседателката Кожуваровска ги претстави и планираните активности, кампањи, настани, стручни и научни собири и манифестации на Советот во 2022 година, кој одбележува 60 години од своето постоење.

Пендаровски ги поздрави напорите на Советот за подигнување на јавната свест за одговорно однесување и меѓусебно почитување на сите учесници во сообраќајот, нагласувајќи дека едукативното дејствување е важна алка во процесот за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, а со крајна цел – заштита на човечкиот живот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk