Home » 6 милијарди евра од ЕУ за Западен Балкан- Македонија би можела да добие 900 милиони или милијарда

6 милијарди евра од ЕУ за Западен Балкан- Македонија би можела да добие 900 милиони или милијарда

by Журнал.мк

Европската Унија планира финансиски пакет за земјите од западен Балкан кои се кандидати за членство во Унијата. Пакетот е во вредност од околу 6 милијарди евра.

Условот за добивање на овие средства се реформите кои би требало да се извршат во државите, а парите обезбедени од овој европски фонд би требало да се употребат за да донесат економски развој.

Унијата преку пакетот очекува земјите од Западен Балкан да се приближат на европските пазари: да се зголеми слободно движење на стоки и слободно движење на работници и услуги, да се обезбеди полесен пристап за плаќање во евро-зоната, да се подобри интеграцијата на патен сообраќај но и да се засили интеграцијата на енергетскиот пазар , како и дигиталната интеграција во индустријата.

Контролата врз наменското трошење на овие финансиски средства ќе ја извршува ОЛАФ и другите ЕУ-институции надлежни за ревизија.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More