Home » 6.815 земјоделци зеле поддршка за вештачко ѓубриво, а исплатени се 112,9 милиони денари

6.815 земјоделци зеле поддршка за вештачко ѓубриво, а исплатени се 112,9 милиони денари

by Журнал.мк

СДСМ преку Владата и надлежното министерство презема навремени чекори за стабилизирање и унапредување на домашното земјоделско производство.

Навремено, преку Интервентниот фонд ги помогнавме производителите на житни култури во набавката на вештачко ѓубриво и досега оваа мерка ја искористиле 6.815 корисници за кои е исплатена поддршка од 112,9 милиони денари.

За поддршката за земјоделците да стане уште поефикасна и уште понавремена, Владата предводена од СДСМ пристапи кон нов модел на субвенционирање, кој започнува веќе следната година.

Стариот систем за субвенционирање каде земјоделците добиваа субвенции без да прикажат доказ за остварено производство се заменува со нов поефикасен систем каде земјоделците ќе мора да докажат дека имаат остварено и предадено производство.
Создаваме организиран систем каде ги ставаме сите чинители, намалувајќи ја можноста за плаќање во готово, спречувајќи ја сивата економија, односно систем кои има зголемен обем на контроли и кој гарантира поголемо производство на домашна храна.

Во пракса тоа би значело дека земјоделците преку програмата за финансиска поддршка во земјоделството би добивале основна субвенција која би се исплаќала авансно, а ќе биде наменета за одржување на земјиштето во обработлива состојба.

Оваа субвенција би ја добивал секој земјоделец кој обработува земјоделска површина, посее едногодишна култура или одржува траен насад, поднесе барање и воедно ги исполнува пропишаните минимум критериуми без услов за предадено производство.

Тоа не значи кратење на субвенциите, туку ставање на македонското земјоделство на европски патеки.
Во време на најголема светска економска криза, наш приоритет е зголемување на домашното производство на храна, и силна, навремена и ефикасна поддршка на домашните земјоделци и тоа го покажуваме на дело.

Продолжуваме со грижа и инвестиции во земјоделството како клучна стопанска гранка.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More