Home » 6 клубови пројавуваат интерес за Мбапе, ПСЖ ја одреди цената на напаѓачот

6 клубови пројавуваат интерес за Мбапе, ПСЖ ја одреди цената на напаѓачот

by Lina Muslija

Килијан Мбапе продолжува да биде топ тема во трансфер шпекулациите, напаѓачот беше изоставен од турнејата на ПСЖ во Јапонија и доби јасна порака дека или ќе стави потпис на нов договор, или ќе замине од Париз до крајот на летото.

Како што пишува Марка, шест клубови пројавуваат интерес за услугите на напаѓачот.

Реал Мадрид е прв на листата, но „кралевите“ немаат намера во моментов да повлечат потег и трпеливо ќе чекаат.

Ал Хилал е тој кој прави најконкретни чекори и е подготвен да понуди богатство за да го добие Килијан Мбапе, па макар и на само една сезона.

Во Премиерлигата има неколку клубови кои внимателно следат што се случува како Манчестер јунајтед, Челси и Тотнем.

Марка како послендо име на листата го додава Милан, самиот играч во неколку наврати има кажано дека е фан на „росонерите“ и тие ќе бидат неговиот избор доколку се реши за авантура во Серија А.

Во меѓувреме, Л’Екип пишува за трансфер сумата која ПСЖ ја бара во моментов, „светците“ сакаат да добијат најмалку 150 милиони евра за продажба на Французинот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More