-3.2 C
Skopje
Wednesday, January 19, 2022

6 автобуси се исклучени од сообраќај поради неисправни кочници

Најчитани вести

Од вчера, голем дел од автобусите на приватните превозници во Скопје не возат бидејќи се испратени на технички преглед. Од 25 автобуси кои биле контролирани, шест се исклучени од сообраќај оти имале неисправни кочници и уред за управување.

Од утрово од 8 часот нема автобуси на линиите 9 и 19, а помал е бројот и на оние што возат на линијата 22 и 23. Граѓани кои се јавија во нашата редакција велат дека со саати чекале автобус на линијата 9, но не дошол па морале пешки да тргнат на работа.

Од „Слобода превоз“ велат дека дел од автобусите не се во сообраќај, бидејќи се на технички преглед.

„Вчера дел од автобусите беа на технички преглед. Немам податоци дали дел од нив се исклучени од сообраќај поради одредени недостатоци, но сигурен сум и да било контатирано такво, брзо ќе се поправат. И јас добив информација дека и денес нема автобуси на одредени линии и во моментов проверувам за што станува збор. Претпоставувам дека е во прашање технички преглед како и вчера“, вели Ленин Јовановски од приватниот превозник „Слобода превоз“.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) велат дека во тек се редовни контроли на сите автобуските превозници, меѓу кои технички преглед изминативе денови е направен и на приватните превозници во Скопје.

„Во периодот од 22 до 30 ноември, од страна на Одделението за БПС при Секторот за внатрешни работи направени се вонредни технички контроли на автобуси кои вршат јавен превоз на подрачјето на град Скопје. Во наведениот период на технички преглед се упатени вкупно 25 автобуси, а при извршените технички прегледи кај шест автобуси е констатирана техничка неисправност и истите се исклучени од сообраќај. Во однос на констатираните неисправности кај наведените автобуси кај пет автобуси е констатирана техничка неисправност на уредот за запирање, а кај еден автобус е констатирана техничка неисправност на уредот за управување“, велат од МВР.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com