18.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

591 пациент има во ковид-центрите во државата, има места уште за 480

Најчитани вести

Во ковид-центрите во болниците низ земјава има вкупно 591 пациент, од кои во Скопје се хоспитализирани 249, а во другите градови 342 позитивни и суспектни на корона вирусот. Според податоците од Министерството за здравство, во ковид-центрите денеска има и околу 480 празни болнички кревети.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 12 нови пациенти. Од нив 7 се примени на интерните клиники, а 5 во ковид-центарот во ГОБ 8 Септември, додека на Инфективната клиника не е примен ниту еден нов пациент. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 6 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 29 пациенти, на Клиниката за неврологија 31, а на Институтот за ТБЦ 12 пациенти со симтоми на коронавирусот. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 74 болни, на Клиниката за инфективни болести 83, во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 18, а на ГАК се хоспитализирани две пациентки со ковид-19.

Во ковид-центрите во другите градови низ државата, најмногу пациенти има во Куманово-46, па во Охрид-40. Во болницата во Битола се хоспитализирани 19 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19, во болницата во Штип се хоспитализирани 31 пациент, на инфективното одделение во Тетово има 23 пациенти, а во Велес 31. Во Прилеп се лекуваат 28 пациенти, во ковид центарот во Гостивар 16, а во Струга 18 болни, во Струмица 20, во Кочани 4, во Кичево 8, Кавадарци 39, во Гевгелија 5 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести