-3.2 C
Skopje
Wednesday, January 19, 2022

566 санкции за брзо возење

Најчитани вести

Во текот на вчерашниот ден (25.11.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 566 возачи. Од нив 75 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 15 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 284 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 282 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com