27.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

53-та седница на Владата – овие се новите одлуки

Најчитани вести

На синоќешната 53-та седница, Владата на Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за доделување концесија за користење вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река (ХЕЦ Чебрен) заедно со Извештајот за спроведена евалуација на пристигнатите пријави за учество во Фаза 1 – претквалификација.

Според евалуацијата на валидните пријави, од пријавените 10 кандидати, Комисијата за евалуација изготви листа на компании кои ги исполнуваат условите од претквалификацијата и тоа се: Конзорциум ЕNКА – COLIN – Турција; Конзорциум PPC – ARCHIRODON – Грција; EDF – Франција; Конзорциум COBRA – COBRA HIDRAULIKA – Шпанија; Конзорциум EVN AG  – VERBUND – Австрија; WEBUILD SPA ITALIA (SALINI) – Италија; GEZHOUBA GROUP – Кина; POWER CONSTRUCTION CORPORATION OF CHINA – Кина; и Конзорциум OZALTIN – YAPI MERKEZI – Турција.

Врз основа на оваа евалуација, Владата ја задолжи Комисијата за спроведување постапка за доделување концесија за користење вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река во рок од седум дена да ги информира сите девет
конзорциуми што ја поминаа оваа фаза на претквалификација дека е им одобрено да ја продолжат постапката во втората фаза.

На оваа седница Владата ја разгледа и усвои потребата од склучување меморандуми за реализација на проектите Терминал на течен природен гас Александропулос и Гасна централа Александропулос, односно за вложување од страна на Северна Македонија во овие меѓународни проекти.

Станува збор за Меморандум за соработка помеѓу „НЕР АД“ Скопје и „Копелозу Груп“ и Меморандум за соработка помеѓу „АД ЕСМ“ и „Гастрејд С.А.“ за закуп на капацитет во ЛНГ Терминалот, како и Меморандум за соработка помеѓу „АД ЕСМ“ и „ДАМКО ЕНЕРЏИ С.А.“ за стекнување на 25% удел во Александрополис Електрисити Продукшн С.А.

За сите следни активности за реализацијата на овие проекти задолжени се „НЕР АД“ Скопје и „АД ЕСМ“ редовно да ја информираат Владата на Република Северна Македонија.

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за доставување на ИПА III стратешкиот одговор и Акциските документи за 2021 година до Европска Комисија.

Одобрените акциски документи за 2021 година, по извршената проценка на релевантност, се со вкупен износ на инвестиции од 130.996.000 евра од кои ИПА финансирањето е во износ од 103.400.000 евра, а националното кофинансирање во износ од 27.566.000 евра.

Со заклучок по оваа точка Владата ги задолжи Министерство за правда, Министерство за внатрешни работи, Министерство за животна средина и просторно планирање, кабинетот на Заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и координација на економски политики, како институции координатори на акциските документи за 2021 година, за навремено планирање на финансиските средства за национално кофинансирање во наредните три години од националниот буџет, почнувајќи со буџетот од 2022 година.

На седницата е усвоена Информацијата за формирање Работна група со претставници од повеќе министерства за соработка помеѓу Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати за детектирање, планирање и разгледување на сите можности за соработка и инвестиции меѓу Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати.

На оваа седница, согласно препораката на Комисијата за заразни болести, Владата даде согласност за Протоколот за организирање и изведување натпревари на учениците по одделни предмети, на општинско, регионално и државно ниво во основното образование во услови на пандемија и за Протоколот за организирање и реализирање натпревари во средните училишта во услови на пандемија од КОВИД-19.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести