Home » 51-годишен тетовец извршил убиство, 73-годишник му помагал

51-годишен тетовец извршил убиство, 73-годишник му помагал

by Журнал.мк

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.M.(51) од тетовско Боговиње поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и против Н.А.(73) од истото село поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „помагање на сторител по извршено кривично дело“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

– На 02.06.2024 околу 10.15 часот пред угостителски објект во Боговиње, поради претходно меѓусебно нетрпение, првопријавениот со автоматска пушка испукал еден куршум кон А.Џ.(50) и го усмртил. Набргу, М.М. бил пронајден и лишен од слобода и во неговото возило била пронајдена автоматската пушка со која го сторил делото. Откако првопријавениот го извршил делото, второпријавениот Н.А. од домот на М.М. зел рамка од автоматска пушка со два куршуми и ги сокрил во неговата куќа, информираат од МВР. Од страна на судија на претходна постапка на првопријавениот му е одредена мерка притвор од 30 дена и бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More