8.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

50 ГОДИНИ МАКЕДОНСКИ АНИМИРАН ФИЛМ СЕ СЛАВИ СО ПРОЕКЦИИ, ИЗЛОЖБИ И КНИГА

Најчитани вести

Со проекција на првиот македонски анимиран филм „Ембрио № М“ на Петар Глигоровски и две изложби, на 10 ноември во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје ќе почне одбележувањето на јубилејот 50 години македонски анимиран филм. Отворањето е во 20 часот, во Галерија 1 ќе се отвори изложбата „Македонски анимиран филм 1971- 1991“ (изложба на оригинални артефакти од анимираните филмови), а во Галерија 2 „Македонски анимиран филм – сцената денес“ (изложба на оригинални артефакти од анимираните филмови).

Прославата на јубилејот ја организира Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ), а ќе трае до 22 ноември. Освен изложби, најавени се и дискусии со авторите од златното доба и од сцената денес, проекции на филмови, како и презентација на публикацијата „Македонскиот анимиран филм 1971-1991“ која е резултат на истражувачката работа на Иван Ивановски и Слободан Јаќоски.

Глигоровски заедно со Дарко Марковиќ и Боро Пејчинов и уште шест автори се генерацијата која ги поставува темелите на македонската анимација. Овие автори го достигнуваат својот зенит кон крајот на 1970-те и почетокот на 1980-те, создавајќи извонредни филмови кои учествуваа и добија значајни признанија на големи светски фестивали, вклучувајќи и Сребрена мечка на Берлинале за Глигоровски.

„По златнота доба на македонскиот анимиран филм (1971-1991), настапува извесен дисконтинуитет со целосно редуцирана продукција и индивидуални пробиви. Пред околу 10-тина години, новите технологии за дигитална продукција придонесуваат за постепено создавање на нова сцена на автори на македонски анимиран филм и повторно етаблирање на европските и светските фестивали“, велат од ДФРМ, кое прославата ја организира во соработка со Кинотеката, „Вардар филм“ и МКЦ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com