5 природни начини да се ослободите од главоболка

0

Главоболката е честа појава во модерното живеење, но може да биде предизвикана од различни извори. На пример, една од најчестите причини за главоболка е дехидрираност.

Долга работа без пауза, прескокнување појадок и нередовни оброци, непрекинато користење на компјутер со часови и гледање во екран, испрекинат сон, предолго или прекратко спиење, изложеност на стрес – сето ова претставува потенцијален извор на главоболка.

Но, тие сами по себе не се опасни. Главоболките се, всушност, сигнали со кои нашето тело ни дава до знаење дека постои нарушена рамнотежа во организмот.

Најчестото решение кон кое посегнуваме се лекови кои можат да се набават без рецепт, а делуваат брзо. Но, честата употреба на ова краткотрајно решение може да предизвика несакани последици во организмот, како дисбаланс на цревната флора и други здравствени проблеми.

Ова решение треба да ни биде последно на листата, бидејќи постојат природни алтернативи кои го имаат истиот лековит ефект – смирување на главоболката и тензијата.

Некои од нив се:

1. Вода

Кога телото е дехидрирано, не значи дека секогаш чувствуваме жед. Всушност, поголемиот број главоболки се предизвикани од оваа состојба и претставуваат потсетување дека треба да внесеме течности во телото.

Во оваа ситуација, препорачливо е да не пиете одеднаш поголема количина вода, туку умерени дози во текот на денот. Доколку вашето тело е дехидрирано, избегнувајте кофеин, бидејќи тој дополнително го празни вашето тело од течности.

Повеќето возрасни лица имаат потреба помеѓу 2 и 5 литри дневно, зависно од нивната висина, тежина и начинот на живот.

5-prirodni-nachini-da-se-oslobodite-od-glavobolka-02.jpg

2. Топлина и еукалиптус за главоболка предизвикана од стрес

Нанесувањето загреанa ткаенина, топла вода или електрично перниче на задниот дел на вратот ги релаксира напнатите мускули. Истиот ефект го има и туширањето со топла вода или седење во полна када.

Доколку страдате од хронична главоболка нанесена од стрес, пробајте со држење на стапалата во толка вода околу 10 минути навечер пред спиење. Топлината ги опушта мускулите и доведува до чувство на олеснување.

Истиот ефект ќе го постигнете со масажа на слепоочниците со масло од еукалиптус, кое има антивоспалителни својства.

5-prirodni-nachini-da-se-oslobodite-od-glavobolka-03.jpg

3. Ѓумбир за намалување на тензијата

Ѓумбирот има антивоспалителни својства и дејствува на тој начин што ги опушта крвните садови во главата и активира природни опијати во мозокот, што придонесува за намалување на болката поврзана со тензија.

Кога чувствувате дека главоболката започнува, напијте се чај од ѓумбир или внесете го свеж. За подобар ефект, потребно е да пиете чај од ѓумбир 3-4 пати дневно за да го намалите воспалението во телото.

5-prirodni-nachini-da-se-oslobodite-od-glavobolka-04.jpg

4. Цимет

Циметот е уште еден зачин кој ќе ви ја олесни непријатноста. Направете ја следната смеса: во вода додавајте цимет во прав додека добиете густа смеса.

Нанесете ја оваа мешавина на слепоочниците и оставете ја да отстои половина час, додека се релаксирате. Потоа, измијте се со ладна вода. Овој третман е посебно ефикасен кога главоболката е предизвикана од ладен воздух.

5-prirodni-nachini-da-se-oslobodite-od-glavobolka-05.jpg

5. Ментол

Ментолот може да ви помогне во повеќе форми, како чај или како масло. Доколку го користите како чај, може да го комбинирате со други билки кои имаат својство на релаксатори, како што е камилица или мајчина душица. Лековито дејство има и инхалирање на пареата од ментол.

Во вид на масло, нанесете го во пределот на слепоочниците и задниот дел на вратот. Масирајте 10 минути. Сличен ефект има и маслото од лаванда.

5-prirodni-nachini-da-se-oslobodite-od-glavobolka-06.jpg