14.8 C
Skopje
Tuesday, October 19, 2021

48 мигранти фатени во камион кај Гевгелија

Најчитани вести

Вчера кај базата на „Македонија пат“-Гевгелија, полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило „мерцедес атего“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.В. (26) од Скопје.

Возилото не застанало и во близина на село Грчиште, Ж.В. го запрел возилото и почнал да бега, но набргу потоа бил пронајден и лишен од слобода. При прегледот во возилото биле пронајдени 48 лица-мигранти, од кои 38 лица од Пакистан и 10 од Бангладеш. Ж.В. бил предаден во полициската станица Гевгелија и по целосно докуменирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com