Приведен е 48-годишен скопјанец кој извршил пет кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „тешка кражба“ во обид во куќи и станови.
„Единицата за внатрешни работи-Одделение за криминалистички работи Гази Баба при СВР Скопје, по преземени мерки и активности во врска со расчистување на сторени кривични дела тешки кражби од станови и куќи на подрачјето на Скопје, на 2 април 2022 во 19 часот на улица ‘Разлошка‘ го лишиле од слобода Р.В.(48) од Скопје“, соопшти МВР.
По насока на јавен обвинител и по судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом, а со него бил извршен и службен разговор, при што било утврдено дека извршил пет кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „тешка кражба“ во обид во куќи и станови. Против него, на 3 април 2022 ЕВР Гази Баба поднесе кривична пријава за сторени шест кривични дела, а судија на претходна му одреди мерка притвор.