На територија на град Скопје вчера биле изречени вкупно 71 казна, меѓу кои за возење над дозволената брзина 48 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за возење под дејство на алкохол.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, информира МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот и за посигурни патишта.