Човекот познат како Отониел, кој со години се сметаше за еден од најопасните наркобосови во светот е осуден на 45 години затвор. Даиро Антонио Усуга е осуден во САД откако изјави дека ја прифатил одговорноста за своите дела. Тој се изјасни за виновен по обвиненијата за шверц на дрога на високо ниво, признавајќи дека го надгледувал шверцот на тони кокаин во САД.
Американските власти се согласија да не бараат доживотна затворска казна за да го екстрадираат од Колумбија.