Вчера полицијата санкционираше 414 возачи за брзо возење.
Од нив 15 возилa се движелe со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа 260 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 154 надвор од населено место.
„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, соопшти МВР.