13 C
Skopje
Sunday, May 9, 2021

360Степени: Заменикот во одбрана ВМРО-ДПМНЕ не го прифатила во 2014 поради уставното ограничување за цивил

Најчитани вести

Заменик-министерот за одбрана од редовите на ДУИ, Беким Максути, кој се споменува меѓу примерите за кршење на уставната норма од член 97 во минатото, вели дека ВМРО-ДПМНЕ во 2014 година не ја прифатила неговата кандидатура за заменик во одбрана, повикувајќи се токму на уставното барање минимум три години да биде цивил. Максути до 2011 година бил офицер во Армијата, пренесе 360.

„Во 2014 година јас бев предлог на ДУИ за заменик-министер за одбрана. Но, не поминав како решение зашто тогаш владејачката ВМРО-ДПМНЕ се повика на член 97 од Уставот и барањето за минимум три години цивилна служба пред именување на раководна позиција во државната управа во полицијата или одбраната – вели Максути за порталот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести