13.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

35 велосипедисти и мотоциклисти и 16 пешаци казнети од сообраќајната полиција

Најчитани вести

За време на сообраќајните контроли на територијата на Скопје полицијата им изрече казни на 35 велосипедисти и мотоциклисти за различни видови прекршоци, а казнети се и 16 пешаци, соопшти МВР.

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден казнила вкупно 177 учесници во сообраќајот – за брзо возење 23 возачи, 15 санкции за возење без возачка дозвола, две казни за возач почетник, две за некористење сигурносен појас, пет за користење мобилен телефон, девет за нерегистрирани и технички неисправни возила, како и 49 глоби за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредниот период, велат од МВР и апелираат да се .почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com