3.8 C
Skopje
Tuesday, November 30, 2021

35 Авганистанци кои престојуваа во земјава денеска заминаа за Грција

Најчитани вести

35-мина граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во Македонија денеска заминаа за Грција која им обезбеди трајно прибежиште.

Групата ја сочинуваат активисти за човекови права и женски права и членови на нивни семејства. Во изминатиот период нашата земја им обезбеди привремено засолниште како дел од големата меѓународна операција за помош на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, преведувачи, студенти и стипендисти и нивни семејства, а се под закана на новиот талибански режим во земјата.

Во земјава престојуваат 407 граѓани од Авганистан.

Институциите, во текот на нивниот престој им ја пружаат целата потребна поддршка додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација. Трошоците во целост се покриени од меѓународните организации, соооштија од Владата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com