28.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

33-годишен Хрват почина 12 дена по вакцинацијата со АстраЗенека

Најчитани вести

33-годишен Хрват почина 12 дена по вакцинацијата со АстраЗенека.

Веднаш бил свикан состанок помеѓу претставниците на ХАЛМЕД, на итниот состанок се разгледувала причината за смртта на мажот (33) од Сисак, кој починал 12 дена откако е вакциниран со АстраЗенека.

Како што дознава Индекс, човекот бил вакциниран на 5 март во Сисак, со првата доза на АстраЗенека. Тој починал утрово во болницата Ребро во Загреб.

Првите два до три дена по вакцинирањето имал треска, но после тоа се чувствувал добро. Проблемите се појавиле девет дена откако ја примил вакцината. Потоа почувствувал силна болка во стомакот.

Бил хоспитализиран во Универзитетскиот болнички центар Загреб. Според првите информации, било пронајдено крварење во надбубрежната жлезда.

На состанокот било договорено да се чека на обдукцијата за да се процени овој случај, што ќе заврши денес во текот на денот. После тоа треба да биде појасна причина за смртта на човекот.

Покрај крварењето во надбубрежната жлезда, човекот имал и болки во цревата и синузитис. Сега се утврдува дали овие два симптоми се поврзани со причината за смртта или не.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести