Home » 300.000 Финци штрајкуваат: Затворени фабрики, продавници, градинки, аеродроми

300.000 Финци штрајкуваат: Затворени фабрики, продавници, градинки, аеродроми

by Журнал

Речиси 300.000 фински работници денеска ќе започнат дводневен штрајк во знак на протест против планираните реформи на десничарската влада на пазарот на трудот и предложените кратења во социјалниот систем. Компаниите и синдикатите рекоа дека штрајковите се очекува да заглават голем дел од финскиот воздушен сообраќај денес и утре, да влијаат на производството на рафинеријата за нафта и да затворат многу продавници, фабрики и градинки.

„Планот на владата е непромислен. Прво, правото на штрајк ќе биде строго ограничено, а потоа ќе бидат спроведени остри намалувања“, изјави за Ројтерс, Јарко Елоранта, претседател на најголемата финска синдикална асоцијација САК. Во последниве месеци, синдикатите протестираа против владините планови да ги ограничи политичките штрајкови и да го олесни раскинувањето на договорите за работа.

Синдикатите рекоа дека се подготвени за долга борба доколку е потребно, заканувајќи се со дополнителни штрајкови доколку владата не отстапи. Сепак, владата, која ја презеде функцијата минатата година, инсистира на тоа дека Финска мора да ја зголеми продуктивноста и да го намали фискалниот долг.

Главното индустриско лоби на ЕК и владата ги критикуваа штрајковите, велејќи дека реформите се потребни за да се донесе економијата на Финска на исто ниво со репер земјите, како што е соседна Шведска.

„Реформите се неопходни, а синдикатите не понудија никаква алтернатива за да се поправи нашата алармантна економска ситуација“, рече извршниот директор на лобито на ЕК Јири Хакамиес.

Работниците кои штрајкуваат сочинуваат околу 13 отсто од 2,29 милиони луѓе вработени во Финска, според официјалната статистика од 2023 година. Финската национална авиокомпанија Finnair во понеделникот објави дека ќе откаже околу 550 летови поради штрајкот, додека филијалата на рафинеријата за гориво Несте во градот Порво ќе испорачува помалку бензин.а дизел околу една недела.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk